Во текстот кој следува, наведени се основните правила и услови за користење на содржините на Отпакува.ме™ - Портал за отпакување (во понатамошниот текст: портал или Отпакува.ме™). Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на порталот. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот.
Постои можност правилата и условите на користење на порталот од одредени причини да се променат. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека се согласувате и со сите евентуални промени.
Порталот го издава и уредува Студио Модерна дооел Скопје (во понатамошниот текст: издавач или Студио Модерна).
За сите нејаснотии и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте ја редакцијата на info@otpakuva.me
Доколку при користењето на порталот наидете на содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење, ве молиме да ja известите редакцијата на info@otpakuva.me
Редакцијата на порталот го задржува правото да ги отстрани, без претходно известување, сите содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење.
Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.
За сите нејаснотии и приговори поврзани со правото на интелектуална сопственост, контактирајте ја редакцијата на info@otpakuva.me
Копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините објавени од Отпакува.ме™ без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.
На порталот се објавуваат и рекламни содржини.
Издавачот на порталот ќе се обиде во најголема можна мера да не дозволи огласување забрането со закон, огласување кое го повредува човечкото достоинство, огласување кое може да предизвика душевна или друг вид на штета, неетичко огласување, како и огласување кое ги доведува во заблуда корисниците на порталот.
Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.
Издавачот на порталот не гарантира дека порталот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема.
Издавачот на порталот се оградува од одговорност за:
Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.
Рекламните содржини објавени на порталот не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин. За сите нејаснотии и приговори поврзани со рекламните содржини, контактирајте ги сопствениците или авторите на рекламните огласи.
„Отпакува.ме“ е трговска марка и е интелектуална сопственост на Студио Модерна дооел Скопје.
Сопственикот на трговската марка, доколку смета дека е потребно, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на трговската марка.